среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во кичевско- пронајдени рамки за автоматска пушка и муниција, приведено едно лице

Претрес во кичевско- пронајдени рамки за автоматска пушка и муниција, приведено едно лице

На 15.08.2023 во 18.20 часот во с.Лисичани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода И.Б.(29) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени 239 куршуми различен калибар и пет празни рамки за автоматска пушка.

За настанот бил известен јавен обвинител, а И.Б. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.