На 23.10.2021 во 09.30 часот на ул.„Стево Филиповиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Г.(19) од Куманово.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис, саксија со растението канабис, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.