недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Претрес во Куманово, пронајдена дрога

На 22.03.2023 во 17.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(27) од Куманово.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.