На 11.07.2023 во 18.30 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Ш.И.(39) од Куманово.
При претрес во неговиот дом во Куманово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.