На 17.12.2021 во 14.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.М.(31) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со над 500 парчиња пиротехнички средства – петарди.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.