понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Македонска Каменица- пронајдена пушка, делови од оружје и муниција

Претрес во Македонска Каменица- пронајдена пушка, делови од оружје и муниција

На 06.03.2023 полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода И.Г.(30) во с.Моштица, општина Македонска Каменица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени воздушна пушка „Умарех“ калибар 4,5 мм, метална цевка од ловечка пушка со должина од 35 см, метална цевка со должина од 55 см и кутија со 119 дијаболи.

Тој бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.