четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Претрес во Охрид, пронајдена дрога

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид вчера го привеле Т.А.(28) од Велес, со привремен престој во Охрид.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.