четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Пехчево, пронајдена дрога и стари монети, приведено едно лице

Претрес во Пехчево, пронајдена дрога и стари монети, приведено едно лице

Полициски службеници од ОВР Берово, денеска во 8:30 часот во Пехчево, го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево.

-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, информираат од МВР.

С.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.