недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Радовиш: Пронајдена дрога, приведен дилер

Претрес во Радовиш: Пронајдена дрога, приведен дилер
фото илустрација

Денеска (09.12.2022) во 11.15 часот во село Раклиш, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Р.Т.(27) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.