вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во село во општина Дебрца, приведено едно лице, пронајдено оружје

Претрес во село во општина Дебрца, приведено едно лице, пронајдено оружје

На 16.09.2022 во 15:50 часот во с.Слатински Чифлик, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.П.(61) од с.Слатински Чифлик.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка калибар 12 мм и 23 куршуми за ловечка пушка калибар 12 мм.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.