петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Штип, пронајдени дрога, куршуми, сигнален пиштол

Претрес во Штип, пронајдени дрога, куршуми, сигнален пиштол

На 23.10.2023 полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Р.А.(33), С.С.(23) и еден малолетник, сите тројца од Штип.

При извршен претрес во домот на Р.А. биле пронајдени куршуми, додека кај С.С. била пронајдена марихуана, дробилка и сигнален пиштол.

За случајот било известено Основно јавно обвинителство Штип, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.