На 04.11.2022 во 20.00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(21) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
Исто така, во неговиот дом биле затекнати при употреба на марихуана и лишени од слобода М.П.(20), С.Г.(22), В.С.(19) и П.Ѓ.(22), сите од Скопје. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.