петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Скопје: Пронајдена дрога, приведен дилер (ФОТО)

Претрес во Скопје: Пронајдена дрога, приведен дилер (ФОТО)

Денеска (01.09.2023) во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Д.Д. (32) од Скопје.

При претресот се пронајдени 30 кесички со марихуана и 6 кесички со бела прашкаста материја, како и поголема количина на пари.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка до надлежното обвинителство.