Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.С.(41) од скопското село Ласкарци.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени една рачно изработена направа за испалување муниција и ловни патрони.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.