Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера во 16 часот, го лишиле од слобода Д.И.(29) од Струмица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана и масло од канабис. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.