недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Струмица, пронајдена дрога

Претрес во Струмица, пронајдена дрога

На 12.07.2023 во 14.20 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода А.А.(44) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана.

При претресот, А.А. со лицата Ѓ.А. и М.А. агресивно се однесувале кон полициски службеници при вршење службени дејствија.

А.А. бил задржан во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.