На 05.11.2022 во 20.45 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.К.(32) од Тетово.
-Имено, по претходна судска наредба бил извршен претрес во домот на Л.К.(31) и Б.К.(33), двајцата од Тетово, во угостителски објект кој работел во состав на куќата, полициските службеници кај К.К.(32) од Тетово пронашле пиштол „хеклер“ калибар 9×19 мм со рамка со 10 куршуми калибар 9 мм, информира МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.