петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во тетовска Мала Речица, пронјадени пиштоли, муниција и дрога

Претрес во тетовска Мала Речица, пронјадени пиштоли, муниција и дрога

По претходно преземени мерки и активности, вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од Оделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово, извршиле претрес на дом и други простории кај лицата А.Џ.(25) и Ф.Џ.(26) двајцата од Мала Речица, при што биле пронајдени еден пиштол „Застава” кал. 7,62мм со една рамка со два куршума, еден пиштол „Зораки” 917-Т со рамка без муниција, 23 куршуми разновиден вид и калибар, 35 куршуми кал. 7,62мм, една ќеса со тревкаста материја, една дигитална вага и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Како што информираат денеска од МВР, во координација на јавен обвинител, против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од Кривичниот законик.