понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во тетовско Слатино – пронајдена дрога, приведено едно лице

Претрес во тетовско Слатино – пронајдена дрога, приведено едно лице

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (24.05.2023) околу 10.20 часот го лишиле од слобода 38-годишниот Ј.И. од тетовско Слатино.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, билe пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и дробилка.

Ј.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.