На 08.07.2023 во 14:10 часот во Велес, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(22) од Велес.
При претрес во домот во кој што престојувал, извршен по претходно добиена наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, дигитална вага и пари.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.