четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претрес во Зајас, приведен крадец

Претрес во Зајас, приведен крадец

На 22.04.2023 во 18.30 часот во Струга од полициски службеници од Полициската станица Струга бил лишен од слобода С.Ј.(54) од с.Зајас-кичевско поради тоа што при извршен преглед во патничко моторно возило “мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени и одземени 15 велосипеди, електричен велосипед и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела кражби.

На 22.04.2023 во 22 часот од полициските службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициско одделение Зајас, по претходна судска наредба, бил извршен претрес во домот на С.Ј. во с.Зајас, при што биле пронајдени и одземени: 12 велосипеди, 5 рамови од велосипеди, електромотор, како и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела тешки кражби и кражби. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.