среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Претреси на две локации во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Претреси на две локации во Куманово, пронајдени дрога, пиштол и куршуми

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Куманово и службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ на МВР, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи и полициски службеници од Единицата за службени кучиња на МВР денеска извршија претрес на две локации кај М.Д.(29).

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), при претресот во викенд куќа во место викано „Стари лозја“ во Куманово, атар на населба Карпош, била пронајдена марихуана, а при претресот во неговиот дом во Куманово пронајден бил пиштол „Валтер“ кал.7.65мм. и 11 куршуми кал.7.65мм.

Лицето не било пронајдено во домот и по него се трага, а за случајот е известено ОЈО Куманово.