Денеска (12.08.2021) до 10.15 до11.00 часот полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп ги привеле П.З.(24) и Д.Д.(27), двајцата од Прилеп.
По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домовите на П.З. и Д.Д., при што биле пронајдени и одземени две ќеси марихуана, саксии со растение канабис и шишенца со 51 семка од растението канабис.
По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 и член 216 од Кривичниот законик.