Денеска (16.12.2021) во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.А.(34) од с.Нова Маала, струмичко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица. Исто така, на 16.12.2021 во периодот од 13 до 14 часот, по добиена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Џ.А. (21) од с. Нова маала при што е пронајдена марихуана. Лицето е лишено од слобода.
При претресите се пронајдени околу три килограми марихуана, а по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.