ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против И.Д.(68) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
На 11.03.2021, пријавениот превезувал патници со минибус „мерцедес“ и при контрола од страна на полициски службеници било констатирано дека не ги почитувал правилата за превоз на патници за време на пандемија, односно дека превезувал повеќе патници од дозволеното.