понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Превезувале патници без да поседуваат дозвола за тоа

Превезувале патници без да поседуваат дозвола за тоа
илустрација

На 05.10.2022, при контрола над товарно возило „фиат дукато“, со струмички регистарски ознаки, полициски службеници од СВР Струмица констатирале дека возачот В.К.(29) од село Баница, струмичко, врши превоз на патници без да поседува дозвола за тоа.

Истиот ден, и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, при преземање на мерки утврдиле дека М.Ј.(64) во патничко возило „опел“, со радовишки регистарски ознаки, превезувал патници без да поседува соодветна лиценца.

По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.