На 01.10.2021 во 19:50 часот на место викано „Дупки“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Блаце ги лишиле од слобода М.Б.(19) и У.Б.(20), двајцата од с.Блаце, скопско.
При преглед во патничко возило „фолксваген “, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена поголема количина стока за широка потрошовачка без документација.
Тие биле приведени во полициска станица, а за настанот бил известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.