среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

При царинска контрола откриен и запленет накит вреден 450.000 евра

При царинска контрола откриен и запленет накит вреден 450.000 евра

При детален преглед на багаж на турски државјанин на царинската испостава Аеродром Скопје царинските работници открија и запленија златен накит со тежина од околу 400 грама со проценета вредност од околу 450 илјади евра.

Како што информира директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заплената е извршена на 18 декември годинава, а чекале да добијат проценка од вештак за биде објавена во јавноста, бидејќи станувало збор за многу луксузен накит.

-Против осомниченото лице од страна на Царинската управа е поднесена кривична пријава за сторено дело „криумчарење“, а судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена, информира Танасоски на денешната средба со новинарите.