петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Прилепчанец со автомобил удрил во малолетник во Крушево

Прилепчанец со автомобил удрил во малолетник во Крушево

На 02.08.2023 во 11.30 часот било пријавено дека во Крушево, на паркинг на место викано „Црни врв“, патничко возило „лада нива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(60) од Прилеп, удрило во малолетник од Скопје.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Крушево.