сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Притвор за три лица кај кои е пронајден хероин

Притвор за три лица кај кои е пронајден хероин

Судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар вчера попладне на О.Б.(39) од гостиварска Долна Бањица, 38-годишната В.С. од Гостивар и А.М.(52) од гостиварско Врапчиште им определил мерка притвор од 30 дена поради.

Лицата се сомничат дека сториле кривично дело”неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик, а кривично пријавени денеска од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар

-.Тројцата вчера (10 мај) околу 15 часот и 30 минути биле лишени од слобода во атарот на Врапчиште. При нивен и преглед на возилото” опел вектра” со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувале, бил пронајден хероин. Тројцата осомничени ќе бидат спроведени во Казнено-поправната установа Затвор”Скопје” во Скопје за издржување на притворот, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.