На 09.02.2022 во 13.00 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода М.Ј.(18) од Штип, со престојувалиште во Радовиш.
Тој се сомничи дека во текот на месец jануари 2022 година сторил 5 кривични дела „тешка кражба“ и 3 кривични дела „кражба“, на подрачје на ОВР Радовиш, како и 1 кривично дело „одземање на моторно возило“, извршено на подрачје на ОВР Неготино.
За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање против М.Ј. ќе бидат поднесени соодветни пријави.