Денеска (01.06.2022) во 09.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода А.Е.(22) од Скопје.
Тој бил баран по судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.