понеделник, 11. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

Денеска (15.12.2022) во 09.55 часот во Радовиш, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Џ.Р.(27) од Штип.

-За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Струмица, а бил баран за доиздржување на затворска казна од две години за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во Затвор Струмица за доиздржување на казната.