Денеска (02.09.2022) во 13:15 часот на ул.„Темко Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(47) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница поради бегство од Казнено-поправната установа затвор Идризово – Скопје и за доиздржување затворска казна од четири години и шест месеци, а бил осуден на казна затвор од шест години и 10 месеци за сторени кривични дела по член 237 и член 215 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната установа за доиздржување на затворската казна.