вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор

Приведен бегалец од затвор

На 17.06.2022 во 21.20 часот на ул.„Герника” во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – потраги Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Б.Д.(31) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за доиздржување затворска казна од една година и осум месеци, а бил осуден на четиригодишна казна.

Лицето било предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.