петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор, осуден на 13 години затвор

Приведен бегалец од затвор, осуден на 13 години затвор

На 15.06.2023 во 20.30 часот на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода Д.Ј.(41) од Скопје.

Тој бил осуден на 13 години и пет месеци казна затвор за сторени кривични дела по член 237, член 215 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство и за доиздржување на четири години и 10 месеци од казната.

Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.