вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

Приведен бегалец од затвор, вратен во Затвор Идризово

На 23.08.2023 околу 18.00 часот на подрачје на Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода И.К.(39) од с.Моин, гевгелиско.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово поради бегство од затворот, каде што имал за доиздржување скоро четири години од казната.

Лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.