На 05.07.2022 на ул.”Караорман” во Битола, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишиле од слобода М.С.(26) од Битола.
Тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Куманово за доиздржување на казна затвор од скоро една година, а бил осуден на казна затвор од 7 години и 2 месеци.
Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.