Денеска (07.11.2021) во 13:10 часот полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Л.Ф.(59), бидејќи при претрес во неговиот дом во гостиварско Форино биле пронајдени 13 пакувања со прашкаста материја, четири кутии метадон и повеќе предмети со остатоци со прашкаста материја.
Пронајдените предмети и прашкастата материја се одземени за вештачење, а лицето е приведено и задржано во полициска станица. По комплетно документирање на случајот против Л.Ф. ќе биде изготвен соодветен поднесок.