На 22.06.2023 околу 00.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.И. од гостиварски Градец.
При претрес во угостителски објект и помошни простории во ова село, кои ги користел, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.