петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер од кичевско

Приведен дилер од кичевско

На 17.10.2023 во 21.20 часот на локален пат за место викано „Крушино“, кичевско, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Ј.Л.(51) од с.Зајас, кичевско.

Тој, кога ги забележал полициските службеници фрлил ќеса со бела прашкаста материја, која e пронајдена и одземена. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојувал Ј.Л., при што биле пронајдени и одземени предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.