сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер од кичевско, пронајдени дрога и пиштол

Приведен дилер од кичевско, пронајдени дрога и пиштол

На 21.10.2022 во 21.45 часот на крстосницата на ул.„Загорје“ со регионален пат Кичево-Осломеј, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево го лишиле од слобода А.А.(25) од с.Гарани, кичевско.

При преглед во возилото „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, кај него биле пронајдени остатоци од марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот и помошни простории на А.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и пиштол „Екол“ со една празна рамка.

Тој бил задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.