петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер од Сарај, осуден на петгодишна казна затвор

Приведен дилер од Сарај, осуден на петгодишна казна затвор

На 15.08.2023 во 20.45 часот на ул.„Скоевска“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(34) од с.Арнакија, општина Сарај.

Тој бил осуден на казна затвор од пет години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, а за него била распишана централна потерница по наредба на Казнено – поправната установа Затвор Идризово каде имал за доиздржување уште две години и осум месеци од казната.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.