На 13.06.2022 во 21.00 часот, полицициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.З.(38) од Тетово. При претрес во неговиот дом во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, дробилка и остатоци од кокаин.
Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.