сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер во претрес во Кичево, пронајдена дрога

Приведен дилер во претрес во Кичево, пронајдена дрога

Во Кичево полициски службеници вчера го лишиле од слобода А.Л.(28).

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, полициските службеници пронашле и одзеле бела прашкаста материја. При претресот, А.Л. се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.