четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер во радовишко, пронајдени разни видови дрога

Приведен дилер во радовишко, пронајдени разни видови дрога

На 30.12.2022 година во 23 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Д.Т. (31) од село Ораовица, радовишко.

При претрес на патничко возило “волво” со радовишки регистерски ознаки, управувано од Д.Т., биле пронајдени прашкаста материја, 50 таблети и марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица Радовиш, за настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.