среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен дилер за издржување затворска казна

Приведен дилер за издржување затворска казна

Денеска (14.03.2023) во 15:10 часот на ул.„Јуриј Гагарин“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Џ.(43) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.