Денеска (18.08.2023) во 11:15 часот во атар на с.Мелница, општина Чашка, полициски службеници од ПО Чашка го привеле Џ.М. (41) од с.Мелница, кој бил затекнат додека на трактор со приколка превезувал дабови огревни дрва кои не биле бележани со жиг и немал документација за нив.
Дрвата и тракторот се одземени, а по документирање на случајот против Џ.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.