На 22.08.2023 во 09.30 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници од Полициската станица Драчево го привеле Џ.Ш.(39) од с.Елово, општина Студеничани. Тој бил затекнат од полициски службеници ккао со патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација. Џ.Ш. се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.
Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.