На граничниот премин Деве Баир вчера при пасошка контролла е констатирано дека државјанин на Република Албанија извршил хемиски и механички корекции на патната исправа, соопшти денеска МВР.
– Вчера во 13:00 часот на Граничниот премин Деве Баир, при пасошка контрола било констатирано дека на една страна од патната испарава на А.Ц.(32) од Република Албанија биле извршени хемиски и механички корекции. Поради сомнение за извршено кривично дело „фалсификување патна исправа“, лицето било лишено од слобода и предадено на полициски службеници од Полициска станица Крива Паланка за понатамошна постапка, се наведува во соопштението на Министерството.